logo

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

+389 77 647 585
contact@la.mk

НАШАТА КОМПАНИЈА

ПочетнаЗа платформатаНајчести прашањаБлогКонтакт

la.mk © 2021 All rights reserved
недела, 14 февруари 2021

Добре дојдовте на la.mk!

Добре дојдовте на la.mk, платформа за брзо и едноставно креирање на онлајн продавница. Во овој артикл ве водиме, чекор по чекор, до успешно отворање на супер брза, SEO оптимизирана и лесна за користење интернет продавница. Во помалку од 5 минути, вие ќе имате целосно функционална онлајн продавница, со лично ваш домен, прилагодена за вашиот бренд.

Креирајте сметка на la.mk

За почеток, потребно е да отворите сметка на la.mk. Доколку имате направено сметка на некоја продавница која е овозможена од la.mk, можете да ја искористите истата сметка за да отворите продавница. Доколку немате, изберете ја опцијата Регистрирај се (доколку сте на страната за логирање), внесете го вашиот емаил, вашата лозинка, и притиснете Регистрирај се.

register account

Поставки за вашата продавница

Од кога ќе се пријавите на администраторскиот панел, прво е потребно да се пополнат неколку информации за вашата онлајн продавница. Имено, потребно е да го внесете името на продавницата, посакуваниот домен, слоган на вашиот бизнис доколку имате, главната боја на брендот, и вашето лого. Потоа ќе ги искористиме сите овие информации за автоматски да генерираме уникатно ваша продавница, каде преовладува бојата на вашиот бренд.

Со самото регистрирање на la.mk добивате бесплатен домен (пр. cactus.la.mk) по ваш избор, доколку веќе не е искористен. Доколку веќе поседувате домен и сакате да го користите (пр. cactus.mk), исконтактирајте нè и бесплатно ќе го поврземе вашиот домен со продавницата.

Кога сте задоволни со внесените информации, притиснете Создади, со што сте чекор поблиску до вашата онлајн продавница.

setup store

Поставки за вашиот бизнис

Нареден чекор е да ги внесете информациите за вашата компанија, како официјално име на компанијата, регистарски и даночен број, и контакт информации. Овој чекор може да се прескокне и да ги пополните сите информации подоцна, доколку не ви се при рака.

Од информациите за вашата компанија, автоматски генерираме легални документи потребни за легално да раководите со онлајн продавницата, како политика за приватност, услови за употреба, и слично. Сето ова го добивате бесплатно со користење на нашата платформа, со што можете да сте сигурни дека ги исполнувате сите правни должности кон вашите корисници.

company information

Поставки за достава

Последниот чекор за креирање на вашата онлајн продавница е поставки за достава. На оваа страна можете да изберете начин на достава, цена за достава, и вредност над која доставата е бесплатна. После внесувањето на овие информации, притиснете Зачувај, со што вашата продавница ќе биде креирана.

delivery setup

Вашата продавница е креирана!

Честитки! Успешно успеавте да ја креирате вашата онлајн продавница. Истата можете да ја посетите на доменот кој го избравте како дел од првиот чекор, кој е исто достапен на почетокот на администраторскиот панел.

admin summary page

Со само неколку чекори, добивте продавница со ваш домен, персонализирана за вашиот бренд, и спремна за користење. Исто така, доколку ги пополнавте информациите за вашата компанија, потребните легални документи беа генерирани и се достапни за вашите корисници. Доколку ја посетите вашата продавница, ќе забележите дека нема производи, што не носи до следниот чекор, додавање на истите.

store with no products

Додадете го првиот производ

За да додадете производи на вашата продавница, одете на страната за Производи, и изберете Додај.

empty products page

Ќе се појави нов прозорец каде треба да ги внесете сите информации за вашиот производ. Иако има повеќе опции, единствените податоци кои мора да ги пополнете се Име, Категорија, и Цена. Доколку некои категории недостасуваат, контактирајте нè и ќе ги додадеме во најкраток можен рок. Иако не е потребно, ви препорачуваме да прикачите една или повеќе фотографии од производот. Првата фотографија која ќе ја прикачите ќе биде онаа која ќе биде главната фотографија прикажана на продавницата во листата на производи, и сите други слики ке бидат достапни кога купувачите ќе одберат производ за да видат повеќе детали за тој производ.

Преку истиот прозорец можете да поставувате попусти, варијанти, да ги групирате производите, и слично, но ќе го оставиме тоа за следен артикл каде ќе ги објасниме во детали сите други опции кои ги нуди la.mk.

Кога ќе ги внесите информациите за производот, притиснете Додај, и производот ќе биде достапен на вашата продавница. Исто така, сите ваши производи ќе бидат достапни во табелата во администраторскиот панел, каде што можете да извршувате промени, додавате нови производи, да ги пребарувате вашите производи, и слично.

add product modal

Доколку сега ја посетите вашата продавница, ќе видите дека производот е веќе достапен на почетната страна, и веќе имаме неколку сетови на производи (нови производи, производи од истата категорија, и слично).

online store home page

Доколку го изберете производот, тоа ќе ве одведе до страната за подетален преглед на истиот, каде што можете да го додадете во кошничката и да направите порачка (но ќе ги оставиме објаснувањето за тој процес за нареден артикл).

product details page

Вашата онлајн продавница

Тоа е се што е потребно за да почнете со онлајн продажба. Ние се грижиме за секој технички аспект, како хостирање, додавање на нови функционалности, оптимизирање на продавницата за брзина и SEO, и многу повеќе. Се што останува на вас е да продавате.

Има голем дел на функционалности и детали кои не ги споменавме, но тоа останува за некој од нашите наредни артикли. Следете нè и придружете нѝ се, и заедно ќе ја создадеме најдобрата платформа во регионот.

Отворете ја вашата продавница денес