Платформата la.mk ви овозможува да креирате вистински ваша интернет продавница, без никакви технички познавања. Дел од карактеристиките што не прават поразлични од останатите се лесниот начин за отворање на интернет продавница, едноставното менаџирање на секој аспект од истата, како и брзиот раст и развивање на нови функционалности.
Отворањето на интернет продавница сега е едноставен процес. Со само неколку кликови, вие ќе имате сопствено продажно место на интернет. Задолжителните чекори за регистрација на вашата продавница се следни: внесете го името на продавницата, изберете го бесплатниот домен на продавницата, внесете го вашето лого. Тоа е сѐ!
Меѓу уникатните карактеристики на нашата платформа е можноста во вашата интернет продавница да додадете онолку производи колку што сакате. Поставување на попусти, дефинирање на залиха, и групирање на вашите производи е полесно од кога било.
Вие одлучувате за начинот на достава и цената за истата услуга. Поставете бесплатна достава за порачки над вредноста која вие ја одлучувате. Можете да изберете плаќање при достава, или со платежна картичка, а парите пристигнуваат директно на вашата банкарска сметка.
Добијте детален преглед врз сите порачки, и сите потребни информации за вашиот купувач. Со еден клик испечатете фактура за порачката, и испратете ја заедно со производите. Исто така, со поставување на статусот на порачката, вашите купувачи лесно можат да ја следат порачката, се додека не пристигне до нивниот дом.
Брзо и едноставно креирајте кампањи за сите или дел од вашите производи. Дизајнот на вашата интернет продавница автоматски се прилагодува и ги промовира вашите кампањи во вистинскиот момент.