logo

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

+389 77 647 585
contact@la.mk

НАШАТА КОМПАНИЈА

ПочетнаЗа платформатаНајчести прашањаБлогКонтакт

la.mk © 2021 All rights reserved
вторник, 16 март 2021

Упатство за користење на онлајн продавницата

Доколку го следевте претходниот артикл за тоа како да отворите онлајн продавница, веќе треба да имате постоечка продавница со барем еден производ. Во овој артикл ќе ви демонстрираме како еден ваш корисник би ја користел онлајн продавницата, од пребарување на производи, регистрација, се до порачка и плаќање за истата.

Со цел да ви прикажеме малку покомплетна продавница, ќе ја користиме нашата демо продавница, која е многу слична во функционалност со која било la.mk онлајн продавница.

Основи на една продавница

Кога ќе ја посетите продавницата (во случајов demo.la.mk), ќе бидете пречекани со слоганот на продавницата, банер (доколку имате поставено), листа на сите категории на производи кои ги нудите, и неколку други сетови на производи (најнови производи, производи на попуст, итн).

store landing page

Во горниот дел од страната има неколку елементи за полесно користење на онлајн продавницата. За почеток е делот за пребарување, кој поддржува пребарување на кирилица и латиница, и ќе ги излиста најрелевантните производи за тој термин. Покрај делот за пребарување, корисниците можат да ги прегледаат сите производи кои ги нудите, страна каде можете да објаснете повеќе за вашиот бизнис, корпата со производи, и пристап до сметката на корисникот (овој дел ќе го разгледаме во повеќе детали понатаму во овој артикл).

Веднаш под главниот дел за навигација имате листа на сите категории кои ги имате една продавница, и неколку сетови на производи, како што напоменавме. Сетовите на производи кои што се прикажани можат да се контролираат преку администраторскиот панел.

store categories

Како што ја разгледувате страната, имате неколку одбрани категории, и неколку сетови на производи се прикажани на неколку различни начини, од каде што вашите корисници ќе имаат можност да добијат идеа за асортиманот на производи кои го нудите.

Во најдолниот дел на продавницата се прикажани вашето лого и контакт информации преку кои вашите корисници можат да ве контактираат. Исто така, автоматски се генерирани сите потребни легални документи со цел да сте усогласени со релевантните закони за онлајн продажба. И за крај, корисниците имаат опција да го променат јазикот на страна (моментално поддржуваме Македонски и Англиски јазик).

store footer

Правење на порачка преку онлајн продавницата

Откако ги објаснивме основите на онлајн продавницата, време е да поразговараме кои се чекорите кои вашите корисници треба да ги следат за да направат порачка.

Додавање производи во корпа

Да речеме дека корисникот сака да купи леќа од онлајн продавницата. Во делот за пребарување пишува „леќа“ (или „leka“, резултатот ќе биде ист), и на корисникот му е прикажана листа со сите релевантни производи (во случајов има само еден). Доколку има повеќе производи, корисникот може да го промени подредувањето, и да филтрира по цена за да го добие само оние производи за кои е заинтересиран.

product search lentils

Кога корисникот ќе кликне на производот, ќе му биде прикажана страна со детали за тој производ, како опис, единица мерка, варијанти, и слично, од каде што може да ја одбере количината и да го додаде производот во корпата. Кога производот е додаден во корпата, корисникот може да продолжи со пазарење, на пример на ист начин да додаде банани во корпата, и може да продолжи кон преглед на производите во корпата и да ја заврши порачката.

lentils details

Наредниот чекор е да се прегледа корпата, и доколку корисникот е задоволен со листата и количина на производи, може да продолжи кон каса, со што ќе може да ја заврши порачката. Но пред корисникот да продолжи кон каса, потребно е да отвори сметка на онлајн продавницата.

store cart

Регистрирање на корисник

Со цел еден анонимен корисник да направи порачка на вашата страна, потребно е да се регистрира. Корисниците можат да се најават или регистрираат во кој било момент при користењето на онлајн продавницата преку иконата што се наоѓа во горниот дел од менито, или во моментот кога ќе притиснат „На каса“ од нивната корпа.

register modal

Во прозорецот кој ќе се појави потребно е да се внесат само електронска пошта и лозинка (лозинката може да се ресетира во кој било момент доколку ја заборават).

Завршување на порачката

После самото регистрирање или најавување, корисникот ќе ги има зачувано производите кои ги додал во неговата корпа, и може да продолжи кон завршување на порачката. На наредната страна, корисникот може да го одбере начинот на плаќање (на демо продавницата не е подесено плаќање со картичка, но е достапна како опција), и адресата каде што треба да се испорачаат производите.

checkout page

Корисникот треба да додаде адреса каде што сака да се достават производите, и може да ја именува истата. Можно е да се додадат повеќе адреси, така што на пример корисникот може да одлучи дали производите ќе бидат доставени на нивната адреса, или пак кај некој пријател како поклон.

add address modal

После додавањето и избирањето на начинот на плаќање и адресата, преостанува корисникот да ја потврди порачката, со што порачката е успешно направена. Доколку корисникот избрал плаќање со картичка, ќе се појави прозорец преку кој ќе се внесат информациите за платежната картичка, и само доколку плаќањето е успешно порачката ќе биде финализирана.

order success

Тоа е се што е потребно да се направи една порачка преку некоја од продавниците направени преку la.mk. За крај, на кратко ќе објаснеме како корисниците можат да го следат статусот на една порачка, и како можат да ги прегледаат претходно направените порачки.

Сметка на корисник

Секој корисник на онлајн продавницата има пристап до низа поставки, како што се додавање адреси за достава, добие преглед на претходните порачки и слично.

account preferences

Една од поважните функционалности во овој дел е историски преглед на сите порачки направени на онлајн продавницата. Корисникот има преглед на сите порачки, вклучувајќи го статусот на порачката, вкупната сума, цената за достава, адресата за достава, и слично.

orders list

Исто така, корисникот може да има подетален креглед на една порачка, како визуелен преглед на статусот, листа на секој производ во нарачката, количина и цена за секој производ, и слично. Покрај ова, корисникот од страната

order details

Вашата онлајн продавница

Во овој артикл ги опфативме главните функционалности кои ги поддржува една продавница направена преку la.mk. Има функционалности кои не ги објаснивме со цел да го направиме и вака долгиот артикл пократок, а има и многу кои ќе се додаваат како што ја развиваме платформата понатаму.

Се надеваме дека ве убедивме дека la.mk го нуди најлесниот и најевтин начин да направите модерна и брза онлајн продавница во Македонија, и ве чекаме да ни се придружите.

Отворете ја онлајн продавницата денес